Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека разговарал телефонски со неговиот руски колега Владимир Путин за прашањето за увоз на руски вакцини против вирусот корона.
“Вакцините се развиваат во Русија, Кина, во нашата земја. Зборуваме за увоз на вакцини со странски колеги, а разговарав и со Путин. Внимателно ги следиме резултатите од употребата на вакцините и се надевам дека наскоро ќе можеме да ги користиме во голем обем во нашата земја.” рече Ердоган, пренесува Спутник.
На 24 ноември се одржа телефонски разговор меѓу лидерите на Турција и Русија, а како што претходно објавија од прес-службата на Кремlin, Путин и Ердоган се заложија за понатамошна соработка во борбата против ковид 19, со приоритет во координацијата во развојот и производството на вакцини.
Претходно, прес-службата на Министерството за здравство на Русија објави дека Турција е заинтересирана да организира производство на вакцина против ковдид 19 „Спутник V“ во турските фабрики за производство на лекови, пренесува Танјуг.
На 11 август, Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на ковида 19. Вакцината „Спутник V“ е изработена од Центарот за научно истражување за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции.
(Вијести.ба)








