Американскиот бизнисмен Елон Маск го престигна основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Маск стана втората најбогата личност на планетата со богатство од 127,9 милијарди долари, според индексот на милијардерите Блумберг, пишува Гардијан.

Благодарение на растот на акциите на електрични автомобили Тесла за 6,5 проценти, богатството на Маск порасна за 7,2 милијарди долари за еден ден до вкупно 127,9 милијарди долари.

Од почетокот на годината, богатството на 49-годишниот бизнисмен и иноватор веќе порасна за 100,3 милијарди долари. Индексот на милијардери во Блумберг објавува список на најбогати луѓе секој ден. Со богатство проценето на 182 милијарди долари, сопственикот на Амазон, ffеф Безос е на врвот на листата.

Бил Гејтс неодамна го зголеми сопственото богатство на 127,7 милијарди, а ќе беше уште поголемо ако не донираше толку пари, пренесува германската агенција dpa. Списоците на најбогатите луѓе, како што е списокот Блумберг, користат проценки засновани врз јавно достапни информации за берзата, недвижностите и другите индикатори за вредност.

На списокот на Форбс за најбогати луѓе, Маск е само четврти со богатство од 110,5 милијарди долари.