Последните денови на социјалните мрежи се шири фотографија од турско имигрантско семејство кое штотуку пристигна во Германија, а наводно на неа е и Угур Шахин, лекар и биохемичар, основач на BioNTech и водач на тимот што ја произвел вакцината за коронавирус.

Сепак, момчето во жолта маица на фотографијата дефинитивно не е Шахин.

Станува збор за фотографија направена во 1979 година од германската фотографка Кандида Хофер како дел од проектот „Турците во Германија“. Во 1979 година, Шахин имал 14 години, што значи дека тој е значително постар од момчето на фотографијата за која се вели дека е.

Шахин е роден во Искендерун, Турција, а кога имал четири години, неговото семејство се доселило во Германија, каде што неговиот татко работел во фабрика за автомобили Форд.

Дека фотографијата која кружи на социјалните мрежи не е автентична, односно дека не ја покажува Угур Шахин, потврдија неговите поранешни соседи во Искендерун.

Турскиот весник Милијет објави вистинска фотографија од пронаоѓачот на детската вакцина за коронавирус, на која се гледа двегодишното момче Шахин во друштво на неговата мајка. Фотографијата е направена на 2 јули 1967 година во Искендурен.

Извор:Faktor