На маргините на самитот Г20 во Ријад, министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија изјави дека неговата земја секогаш поддржувала целосно нормализирање на односите со израелскиот ционистички режим.

Феисал бин Фархан, министер за надворешни работи на Саудиска Арабија, изјави дека Саудиска Арабија се согласила на мировен договор што ќе доведе до воспоставување на независна палестинска држава, пред да ги нормализира односите со Израел.

Во однос на резултатите од изборите во Соединетите држави, тој рече дека верува оти новата американска влада ќе ја следи истата политика „што помага во стабилизирање на регионот“.

Бин Фархан рече дека одлуката на Вашингтон за вклучување на јеменското движење Ансарулах на списокот на терористички групи е целосно точна.