Хасидска венчавка во Бруклин се одржа „под радарот“ на градските власти. На неа во синагога присуствувале 7.000 луѓе без маски, и покрај ограничувањата заради пандемијата на коронавирусот, воведена од гувернерот Ендру Куомо.

На 8 ноември, групи се собрале рамо до рамо во храмот Јетев Лев во Вилијамсбург за да ја прослават венчавката на Јоел Теителбаум, внука на големиот рабин Сатмар Арон Тејтлман.

За да остане венчавката во тајност, заедницата споделувала информации за венчавката само усно, додека организаторите го планирале настанот на начин како би го избегнале вниманието на медиумите и владините претставници.

На венчавката присуствувале голем број луѓе, дури и кога се зголемува бројот на заразени лица во градот и државата, а градоначалникот Бил де Блазио и Куомо се закануваа со нови ограничувачки мерки доколку епидемијата не се врати под контрола.

– Поради сегашната состојба со ограничувањата на владата, подготовките се вршеле тајно и дискретно, за да не се одвлекува вниманието на странците – објавил јидишкиот весник Дер Блат, издание на секта Сатмар.

Во последните неколку недели, додаваат тие, организаторите работеа неуморно за да организираат сè на најдобар можен начин.

„Сите информации за претстојните прослави беа донесувани од уста, без пишани информации, постери на sидовите на синагогата, покани испратени по пошта, па дури и извештаи во кое било издание, вклучувајќи го и во овој весник“, истакнал тој.

Сликите од церемонијата покажуваат сала исполнета со луѓе без маски.

– Сега кога свадбата заврши, фала му на Бога, откако се одржа со голем раскош и помпа, чувствата што ги имаме сите се: колку сме привилегирани, колку е добар нашиот дел, колку сме среќни што го заслуживме искуството на една ваква славна ноќ – напишал Дер Блат.

Религиозните собири може да се одржи во затворен простор, но мора да се одржи во една соба и има капацитет од 50 проценти. Исто така, мора да се носат маски, а оние што не се во исто домаќинство, мора да одржуваат физичко растојание.

Оваа свадба се очекуваше да привлече 10.000 луѓе, но планот беше променет бидејќи властите добија информации за ваквите планови.