Оваа комбинација се покажа како поефикасна од кафето. Во научна студија спонзорирана од компанијата Херши, истражувачите од Универзитетот во Северна Аризона ја тестираа менталната реакција на учесниците на овој тест кои јаделе чоколадо во различна количина.
Учесниците кои јаделе чоколадо со 60% какао биле многу повнимателни и со поголем ментален фокус, но нивниот крвен притисок бил зголемен.
Сепак, учесниците кои конзумирале темно чоколадо со аминокиселината Л-теанин, која се наоѓа во зелениот чај, имале нормален крвен притисок со исто така зголемена концентрација.
„Ова откритие е неверојатно“, рече Лери Стивенс, професор по психологија во НАУ, кој ја водеше студијата. „Целта на оваа студија беше да се искористи максималниот потенцијал на чоколадото, без страв дека ќе влијае на срцето, што и направивме.
По оваа студија, можно е компанијата Херши да направи производ што ќе содржи чоколадо и зелен чај.
(Глобален CIR / агенции)









