Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека „Турција сега многу посилно треба да се фокусира кон производство, инвестирањето, вработувањето и извозот.“

Во говорот на седницата на Советот на Унијата на коморите и берзите на стоки на Турција (ТОББ), претседателот  Ердоган потенцирајќи дека не треба да се дозволи инвеститорите да бидат прегазени наспроти високите каматни стапки“ рече:

„Сега ни претстои еден нов период. Сега треба многу посилно да се фокусираме кон производството, инвестирањето, вработувањето и извозот. Сега сме во период кога дури и брзината не е доволна, туку треба да ги смениме возилата. Ние сме решени да сториме се што е потребно“.

Наведувајќи дека вредноста и значењето на градските болници и општиот систем на здравствено осигурување беше подобро разбрана за време на епидемијата и дека тоа е посебна успешна приказна, Ердоган рече.

„Не ги занемаривме инвестициите и економијата додека се фокусиравме на нашата борба за независност и иднина поради нападите на кои бевме подложени.

Со реформите што ги остваривме во земјата, Турција од аспект на индексот на леснотија за водење бизнис, меѓу 190 земји ја искачивме за 27 скалила погоре и сега се наоѓа на 33 место. Турција со прелиминарни податоци за месецот септември, финалето на третиот квартал ќе го затвори со силен раст“.

Во продолжение Ердоган додаде:

„Нашето индустриско производство се зголеми. Ќе ја воспоставиме финансиската стабилност. Нашата цел е што поскоро да постигнеме едноцифрена инфлациона стапка. Ние, нашиот пат ќе го продолжиме со спроведување на структурни и микро реформи како и со разбирање насочено кон раст и вработување. Нашата земја сега влегува во период на подем, зад себе оставајќи го периодот на подготовки“.

Изразувајќи дека се свесни за проблемите предизвикани од преземените мерки за спречување на епидемијата, претседателот Ердоган рече дека се обидуваат да ги надминат овие проблеми користејќи ги сите средства како држава.

Trt