Долниот дом на рускиот парламент Дума го поддржа законот со кој на рускиот претседател и на неговото семејство им се дава имунитет од кривично гонење откако тој ќе ја напушти функцијата.
Тоа е еден од уставните амандмани усвоени на референдум во јули. Поддржувачите на претседателот Владимир Путин доминираат во двата дома на парламентот.
Четвртиот мандат на Путин завршува во 2024 година, но законот, доколку биде усвоен од парламентот, ќе му овозможи да се кандидира за уште два мандати.
Тој има 68 години и засега нема јасни наследници, објави Би-Би-Си.
Законот за имунитет ја започна дебатата за политичката иднина на Путин. Тој е на власт од 2000 година и се здоби со огромно влијание.
– Зошто сега на Путин му треба закон за имунитет? Може ли диктаторите да си дадат оставка по своја слободна волја? – напиша неговиот жесток критичар Алексеј Навални на Твитер.
Предлог-законот го помина првото читање во Дума во вторникот, каде мнозинството пратеници припаѓаат на партијата на Путин, Единствена Русија.
(Вијести.ба / ФЕНА)
