Оваа книга обработува некои окултни појави во нашите општества, како историски така и сегашни. Тајните друшва, новите религски покрети и новата религиозност, нивниот пристап до луѓето, сектите, суеверието, антирелигиските покрети или сотонистите, нивните идеи и цели, теории на заговори и сл. се дел од темата која ја обработува оваа книга.

Покрај тоа, оваа книга ги обработува и односите помеѓу религијата и политиката и нивната меѓусебна врска, со јасна дистинкција што е тоа религија, а што е магиско, како и ставот на исламот према политиката. Потоа, окултните дициплини : алхемија, астрологија, магија, мантика и др. и религискиот став према ваквите појави. Исто така се разработува една теза на западен проект таканаречен „модернизиран ислам“, односно ислам каков би им одговарал на Саркози и на други Европјани.

Исто така, застапеноста на окултизмот во медиумите не е мала, на што скренува внимание авторот Шемоски. На крајот во книгата се зборува за Армагедонот, односно крајот на светот од религискиот аспект на сите три големи монотеситички религии (монотеистички по конкретно се мисли на религии оригинални објавени од Господ, без било какви човекови промени, а која религија колку е монотеситичка е веке друга тема) христијанството, јудаизмот и исламот.

Книгата завршува со еден додаток како приказ за обичаи на гатање, врачање, бајање и други појави во народите од поранешна Југославија. Како последно поглавје е означено и каков е ставот на исламот и на исламските научници према окултизмот.
Оваа изванредна книга има 296 страници, отпечатена во Добра Книга Сараево, со рецензија на врвните научници социологот проф. д-р. Исмет Грбо, професор емеритус на Сараевскиот универзитет, и широко познатиот теолог проф. д-р. Есмир Халиловиќ, професор на Зеничкиот универзитет, кои дадоа свое мислење за оваа книга.
ДОЛГООЧЕКУВАНАТА КНИГА ПРИСТИГНА И ВО НАШИОТ КРАЈ, МОЖЕ ДА СЕ НАЈДЕ ВО СЛОБОДНА ПРОДАЖБА ВО ФАТИХ-МАРКЕТ ВО ЛАБУНИШТА, ИЛИ НА БР. 071 241 625