Во организација на неколку здруженија во Тунис, главниот град на истоимената држава, одржани се протести против Договорот за нормализација со Израел, јавува Агенција Анадлија (АА).

Демонстрантите носеа знамиња на Палестина и транспарентни со натписи „Нормализацијата е големо предавство” и „Кудс е компас на муслиманскиот уммет”.

Бешир ел-Хузри, претседателот на палестинската организација Ансар” рече дека организирале протест за да искажат противење на договорот за нормализација на односите помеѓу ОАЕ и Израел и за да го свртат вниманието на муслиманите на значењето на борбата за независна држава Палестина.

Хавле ел Абиди, членка на Арапската женска коалиција за поддршка на Кудс (Ерусалим) и Палестина, истакна дека во текот на наредните четири седмици ќе организираат протести против нормализација на односите со Израел.

Апелираше и на другите муслимани да искажат противење против договорите за нормализација на односите на ОАЕ и Израел.

Минатата седмица, ОАЕ и Израел соопштија дека постигнаа договор за нормализација на билатералните односи. Претседателот на САД, Доналд Трамп лично соопшти дека ОАЕ и Израел постигнале договор во потполност да ги нормализираат билатералните односи. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека тоа е историски успех.

ОАЕ станаа трета земја која со Израел постигна договор за нормализација на односите, а претходно тоа го направија Египет (1979) и Јордан (1994).

Палестинското раководство, вклучувајќи ги движењата Фатах, Хамас, Исламски џихад и Народен фронт за ослободување на Палестина, согласно е дека договорот за нормализација на односите помеѓу ОАЕ и Израел претставува големо предавство.

Anadolu