Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денес отвори болница во Северен Кипар, изградена за само 45 ден и најави изградба на уште една со капацитет од 500 кревети, јавува Агенција Анадолија (АА).

Image may contain: sky and outdoor

„Најважен знак на солидарност со Турската Република Северен Кипар е оваа болница за итна медицинска помош”, рече Ердоган во обраќањето на церемонијата на отворањето на болницата и додаде:

„Да не е емотивната поврзаност на Турција и Турската Република Северен Кипар за 45 дена не би ја извршиле изградбата на болницата во Никозија”.

No photo description available.

Потсети исто така дека неговата држава покрај изградбата на болницата, во текот на траењето на пандемијата пружи финансиска помош на Турската Република Северен Кипар за да земјата поефикасно се справи со Ковид-19.

Image may contain: indoor

„Им помагаме на нашите браќа во Северен Кипар од самиот почеток на епидемијата. Ги пруживме сите видови поддршка на полето на здравството”, додаде Ердоган.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа исто така во обраќањето на церемонијата на отворањето на болницата истакна дека оваа модерна болница значително ќе го збогати здравствениот систем на ТРСК.

No photo description available.

„Ваквите болници ќе бидат извонредни објекти кои ќе го зајакнат нивниот здравствен систем. Верувам дека двете болници ќе одговорат на здравствените потреби на нашите браќа, кипарски Турци”, рече Коџа.

Image may contain: indoor

На свеченото отворање на болницата во Никозија присуствуваше и претседателот на ТРСК Ерсин Татар, неговата сопруга Сибел Татар и претседателот на турската Партија на национално движење (МХП) Девлет Бахчели.

Болницата, изградена на површина со големина од околу 20 илјади квадратни метри, располага со најмодерна медицинска опрема, вкупно 100 кревети, вклучувајќи 24 кревети за интензивна нега и шест операциски сали.

Anadolu