Две лица се убиени, а едно е тешко повредено во двоен напад што се случи денеска околу 16 часот во француското предградие Шоле. Осомничениот бил уапсен веднаш, пишуваат француските медиуми.

– На местото на настанот наидовме на две сериозно повредени лица, за жал 83-годишниот маж не успеа да преживее и почина на пат кон болницата. Неговата сопруга беше сериозно повредена, но таа не е во критична состојба – изјавил за АФП јавниот обвинител од Анже, Ерик Бујар.

Во вториот напад беше убиен човек „на педесет години“. Полицијата го пронашла во критична состојба и тој починал од повредите.

Според полицијата, осомничениот живее во една од зградите лоцирани во близина на местото каде што биле извршени нападите.

– За време на нападот напаѓачот користел ладно оружје, веројатно нож или нешто слично. Осомничениот има 35 години и им е познат на полицијата по бројни прекршоци – соопшти полицијата.

Осомничениот е уапсен денес околу 18 часот, мотивот за нападот сè уште не е познат. Повеќе информации ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.

Извор: Фактор