„Сите војни мора да престанат“, е пораката испратена од новиот шеф на Пентагон, Кристофер Милер, кој американскиот претседател Доналд Трамп неодамна го назначи на таа позиција.

„Ова е критична фаза во која нашата улога се префрла од лидерство во поддршка. Ние не сме луѓе на постојана војна. Ова е спротивно на сè за што се залагаме и за што се бореа нашите предци: „Сите војни мора да престанат“, пренесува РТ.

 

Се проценува дека тој испратил порака дека се подготвува да ја повлече војската од Авганистан.

Неговото писмо дојде само неколку дена откако американскиот претседател го замени Марк Еспер и го постави Милер, кој претходно беше шеф на Националниот центар за борба против тероризмот, на позицијата секретар за одбрана.

Милер важи за лојален на Трамп и доби позиција во времена на чистката што се случи во Пентагон, само два дена откако некои американски медиуми го прогласија Џо Бајден за победник на претседателските избори.

Милер изјави дека крајот на војните бара компромиси и партнерство.

„Се соочивме со предизвик, дадовме се од себе, сега е време да се вратиме дома“, додаде тој во писмото.

Некои американски медиуми, како Фокс или МСНБЦ, изјавија дека Трамп може да повлече „драстични потези“, вклучително и повлекување на војниците од Авганистан.


„Dubai-Portal“

„Sputniknews“