Привремената управа на Барселона одлучи претседателски избори да се одржат на на почетокот од идната година.
Според весникот „Марка” датумот е прелиминарен, бидејќи изборите може да бидат пролонгирани поради коронавирусот, а се очекува во наредната недела да бидат договорени сите детали околу постапката на гласањето со градските власти.
Главни фаворити за претседателската функција во Барселона се двајца, Виктор Фонт кој најавува враќање на клупските легенди како Чави Ернандез на тренерската клупа и Карлес Пујол, Андрес Иниеста и Жорди Кројф кои би добиле место во управата и поранешниот претседател Жоан Лапорта.
Освен Фонт и Лапорта, интерес пројавија и Чави Вилахоана, Тони Фреича, Жорди Фаре, Агусти Бенедито, Пере Риера и Луис Фернандез Ала, но се очекува добар дел од нив да ја повлечат кандидатурата.
Sloboden Pecat









