Жан-Лук Меланшон, лидерот на екстремно левичарското движење „Непокорна Франција“ (LFI) изјави: „Во оваа земја постои омраза кон муслиманите под маската на секуларизмот. Секуларизам не значи да се мрази религија“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меланшон на телевизискиот канал „BFMTV“ се осврна на зголемениот анти-исламизам во Франција во последно време.
Нагласувајќи дека муслиманите треба да се почитуваат, Меланшон побара да престане со сомнеж да се гледа на муслиманите.
Меланшон истакна дека иако на некои можеби тоа нема да им се допадне, тој ќе продолжи да го кажува тоа.
„Во оваа земја постои омраза кон муслиманите под маската на секуларизмот. Секуларизам не значи да се мрази религија“, рече Меланшон додавајќи дека е против тоа да се мразат муслиманите.
Наведувајќи дека собрал 150.000 потписи за неговата кандидатура на претседателските избори во Франција што ќе се одржат во 2022 година, Меланшон истакна дека методот во борбата против тероризмот треба да се промени.
Во последно време антиисламските изјави и практики на администрацијата на претседателот Емануел Макрон и политичарите во Франција предизвикуваат реакции.
Anadolu










