Во местото Тушба во турската област Ван се преврте минибус кој превезувал азиланти. Во несреќата животот го загубија 2 лица, а 22 се повредени, известува Агенција Анадолија (АА).

Според добиените информации, минибус со нерегулирани азиланти кој по илегални патишта влегол во Турција, на патот Ван-Ерџис излетал од патот и се превртел.

Во сообраќајната несреќа животот го загубиле 2 лица, а 22 се повредени.

Повредените нерегулирани азиланти се префрлени во најблиските болници во подрачјето на Ван.

Anadolu