Руските и турските министри за одбрана Сергеј Шојгу и Хулуси Акар потпишаа меморандум за формирање заеднички центар за набудување на огнот во Нагорно Карабах.
Тоа е дел од потпишаниот трипартитен договор меѓу Русија, Ерменија и Азербејџан за ставање крај на војната во регионот.
Рускиот министер рече дека постигнатиот договор и воведувањето руски мировни сили ќе овозможат да се запре крвопролевањето и да се изградат услови за враќање во мирен живот, како и враќање на бегалското население во своите домови.
Заедничкиот руско-турски центар за набудување на прекинот на огнот ќе биде лоциран на територијата на Азербејџан, ќе собира информации и ќе ги верификува истите во однос на почитувањето на примирјето. Исто така, тоа ќе биде централно тело за разгледување на жалби, прашања или проблеми во врска со кршење на договорот.










