Во Судан пронајдени се масовни гробници за кои се смета дека потекнуваат од периодот на поранешниот претседател Омар ал-Башир, кој беше соборен по воен удар извршен на 11 април 2019 година, по масовните протести што започнаа во земјата од економски причини, известува Агенција Анадолија (АА).

Јавното обвинителство на Судан издаде писмено соопштение во кое се наведува дека во рамките на студиите што ги спроведува истражниот комитет формиран од главниот обвинител Таџ ес-Сер Ел Хабир, пронајдени се нови масовни гробници, за кои се проценува дека поткнуваат од периодот на Башир.

Во соопштението се наведува дека ќе продолжи истрагата за исчезнатите лица во антирежимските демонстрации што започнаа низ целата земја во декември 2018 година, упатувајќи повик за соработка до соодветните институции и семејствата на исчезнатите.

По соборувањето на претседателот Башир, во Судан на власт дојде Советот за воена транзиција. На 30 јуни 2019 година, пред седиштето на армијата во главниот град Картум се собраа активисти кои бараа преминување кон цивилно владеење во земјата, а вооружени лица во воени униформи спроведоа акција да ги растераат, во која според владата животот го загубиа 66 лица, а според Делкарацијата на силите за слобода и промени како
цивилна позициска кровна формација, убиени се 128 лица.

Унијата на стручни комори на Судан, една од водечките компоненти Делкарацијата на силите за слобода и промени, како политичка референца на суданската преодна влада, објави дека стотици луѓе исчезнале по интервенцијата пред армискиот штаб.

Покрај тоа, оваа година во Судан беа пронајдени уште две масовни гробници. Едната им припаѓа на офицери обвинети за заговор за извршување воен удар против тогашниот претседател Башир во 1990 година, а втората е на воени студенти за кои е утврдено дека биле убиени во 1998 година.

Anadolu