Германското обвинителство покрена обвинение против 12 десничари, осомничени за учество во подготовките за напади, планирани врз политичари, бегалци и муслимани во земјата, изјавија извори од судот за „Франс Прес („France Press“).

Лицата се обвинети за учество и поддршка на „терористичка организација“ и „кршење на законот за оружје“, велат извори, потврдувајќи ги информациите од регионалното радио „SWR“.

Сега останува на судот во Штутгарт (Stuttgart), да одреди датум за почеток на судењето, пренесува „Бета“ („Beta“).

Таа група беше формирана во септември 2019 година, а беше откриена во февруари годинава.

Членовите на групата беа уапсени во рамките на големата антитерористичка истрага кога беа извршени претреси низ цела Германија (Germany).

Според медиумските извештаи, во меѓувреме, еден од уапсените извршил самоубиство во затвор.

Целта на групата биле напади врз политичари, врз баратели на азил и муслимани, со цел да се создадат „услови слични на граѓанска војна“ во Германија (Germany), соопшти обвинителството за време на откривањето на групата.

Членовите на групата, (сите Германци), се состанале неколку пати за да разговараат за своите планови и редовно комуницираа преку групни пораки.

Истражителите за нивните планови дознале од лицето кое се инфилтрирало во групата.

При претресот пронајдени се ножеви, самострел, гранати, ловечка пушка и пиштол.

Германските власти се загрижени за подемот на „крајнодесничарски тероризам“, а министерот за внатрешни работи Хорст Зихофер (Horst Seehofer) најави отворање на нови 600 полициски станици.


„Dubai-Portal“

„AJ“