Џорџ Гампел, член на здружението на Еврејската унија за мир (UJFP) во Париз, главниот град на Франција, истакна дека приведувањето на четири муслимански деца, од кои три се Турци ученици во училиште во Албертвил, е знак на варварство, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Гампел изјави дека учениците се приведени за одговорот што го дале на наставниците за карикатурите што го навредуваат божјиот пратеник Мухамед.

Во својата објава на француската интернет-страница „Mediapart“, Гампел ја сподели информацијата дека е роден во 1937 година во еврејско семејство кое живее во главниот град Париз.

Гампел, раскажувајќи за искуствата на неговото семејство во 40-тите години на минатиот век и за настаните во Париз, рече дека во тоа време бил однесен со воз од Париз до областа Виши и дека на железничката станица го забележал натписот „Ова место е забрането за Евреите“.

Тој исто така истакна дека неговиот татко бил испратен во логор во Аушвиц во 1944 година кога имал само 5 години.

Наведувајќи дека притворањето на четири деца, од кои три се Турци, во Албертвил минатата недела, покажало дека децата не биле почитувани во Франција, Гампел рече дека не сакал да пишува за своите искуства од детството досега, но дека сега одлучил да напише статија по овој инцидент во Албертвил.

Во врска со приведувањето на децата, Гампел рече: „Мислевме дека сонуваме, но не сонуваме. Навистина сме во ’земјата на човековите права‘, како што истакнуваат сите политичари постојано. До пред неколку дена, сметавме дека во оваа земја највредното од човештвото се децата.“

Anadolu