Десет лица беа приведени како резултат на интервенција на израелските сили на демонстрациите организирани на Западниот брег по повод 16-годишнината од смртта на палестинскиот лидер Јасер Арафат.

Палестинците организираа протести преку Западниот брег, вклучувајќи ги Рамалах, Хеброн и Калкилија, на 16-годишнината од смртта на Арафат.

Израелските сили користеле гумени куршуми и солзавец за време на интервенцијата, а Палестинците возвратиле со фрлање камења.

Очевидци велат дека израелските сили привеле 10 лица за време на протестите во северниот дел на Рамалах и во градот Ал-Бири, додека многу луѓе ги почувствувале ефектите на солзавецот.

Во 2002 година, израелските власти го ставија Арафат во домашен притвор во Рамалах на окупираниот Западен брег. Комплексот, кој е и седиште на палестинските власти, е под опсада на израелските сили веќе две години.

Арафат се разболе во 2004 година и беше пријавено дека има грип, но не се опорави. Во октомври 2004 година бил пренесен на лекување во Франција, каде починал на 11 ноември.

Како дел од истрагата, остатоците на Арафат беа ексхумирани во 2012 година. Швајцарските експерти една година подоцна рекоа дека со сигурност од 83 проценти можат да заклучат дека Арафат е отруен.