ДИЈАРБАКИР (АА) – Протестите кои семејствата ги одржуваат пред седиштето на Народната демократска партија (ХДП) во турскиот град Дијарбакир, за да ги убедат своите деца да се предадат, откако принудно се регрутирани од терористичката организација ПКК, влегоа во 436 ден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Есмер Коч, мајката на Зубејде Коч, која е киднапирана од страна на ПКК во 2013 година кога имала 15 година, изјави дека сака повторно да се сретне со својата ќерка.
„Протестираме повеќе од една година. Тука сум за мојата ќерка Зубејде. Само ова го барам од неа: доколку ме слушаш, дојди и предади се на властите. Тоа место не е за тебе.
Сулејман Ајдин, татко на Озкан, кој беше киднапиран од терористите пред пет години на 15-годишна возраст, му се обрати на својот син, велејќи му: „Синко, предади се на безбедносните сили, нека заврши овој копнеж“.
„Мајките на Дијарбакир ја прават вистинската работа“, изјави Ахмет Кабадај, претседателот на локалната непрофитна група Национална федерација за единство и братство, кој ги посети семејствата кои протестираат за да имм изрази поддршка.
Тие чекаат пред овие врати со месеци и досега спасија речиси 20 лица од терористите.
Протестите започнаа на 3 септември во 2019 година во Дијарбакир, кога три мајки рекоа дека нивните деца биле принудно регрутирани од страна на терористите на ЈПГ/ПКК.
Лицата поврзани со терористичките организации кои се предаваат во Турција имаат право на можно намалување на казната во рамките на Законот за покајание.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации на Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.
Anadolu









