ХАСЕКЕ/АНКАРА (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) продолжуваат да ги зајакнуваат своите бази и воени пунктови во областите окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локални извори, американската Aрмија, која ја поддржува терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, во последните 5 дена испрати вкупно 100 камиони со воени пратки од граничниот премин „Ал-Валид“ на границата Ирак – Сирија.
Воениот конвој на американските сили, што патува кон Хасеке, Рака и Деир ез-Зор, содржи голем број оклопни возила, камиони, муниција, логистички материјали, како и цистерни со гориво.
Изворите забележуваат дека американските сили, кои ги зајакнуваат своите бази и воени точки во окупираните области на ЈПГ/ПКК, неодамна во регионот испратиле голем број оклопни возила од типот „Бредли“.
Американската Армија на крајот на септември исто така испрати 70 камиони со воени пратки во своите бази и воени точки преку Ирак.
Со почетокот на операцијата „Извор на мирот“ во октомври 2019 година, Соединетите Американски Држави дадоа приоритет на населувањето околу нафтените полиња додека ги евакуираа своите бази од оперативната зона.
Американските сили продолжуваат да ја поддржуваат терористичката организација ЈПГ/ПКК, а во моментов се активни во 11 бази и воени точки во окупираните области Хасеке, Рака и Деир ез-Зор во Сирија.
Anadolu








