Сензационалниот шампион на Англија од 2016 година, Лестер, пишува нови историски резултати. По осум одиграни кола во Премиер лигата, Лисиците имаат шест победи и само два порази, па со 18 бодови го држат лидерското место на табелата.

Овој старт на Лестер е подобар од тој во сезоната кога стигна до историската прва шампионска титула. Тогаш Лестер имаше 15 бода по осум кола и беше со биланс од четири победи, три нерешени и еден пораз.

Сега следува пауза за репрезентативни мечеви, а кога повторно ќе дојде ред на возбудувањата во Премиер лигата, веднаш следи дерби. Лестер во следното деветто коло треба да гостува на „Енфилд роуд“, против актуелниот првак Ливерпул, и тоа сигурно ќе биде одличен дуел за да се види силата на екипата предводена од Џејми Варди на теренот.

Sportmanija