Доналд Трамп ја продолжува борбата за задржување на претседателското место во САД. Тој има план како тоа да го стори, додека Џо Бајден денеска ќе го свика првиот состанок на својот тим, откако стана јасно дека ќе ги добие изборите.

Актуелниот претседател не дава никакви сигнали дека планира да признае пораз и да ја предаде власта. За денеска Трамп нема закажани настани, а веќе три дена не се обратил на јавноста.

Портпаролот на неговата кампања Тим Муртау истакна дека Трамп ќе ја продолжи борбата за докажување на измами на изборите на невобичаен начин.

„Доналд Трамп ќе се обиде да ги поткрепи своите тврдења за измами на изборите со објавување на некролози на мртви луѓе кои гласале на изборите“, рече Муртау.

Тој планира да побара повторно броење гласови во неколку сојузни држави, но експертите сметаат дека овие напори веројатно нема да вродат со плод.

Бајден ја призна победата во саботата, откако дефинитивно ги освои 270-те потребни електроски гласови.

TV21