Единствената трка на интерконтинентално трчање во светот „42. Маратон на Истанбул“ (42. Istanbul Marathon) започна денес со ограничено учество на 4.000 атлетичари поради пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Image may contain: sky, bridge, outdoor, water and nature

Маратонот започна во 09:00 часот по локално време од европската страна на Истанбул, и ќе заврши во истата точка, додека тркачите за прв пат во историјата на овој настан два пати ќе поминат низ мостот на Босфорот.

No photo description available.

Почетната точка на овогодинешниот маратон беше местото Јеникапи во европската страна на градот, наместо „Мостот на загинати херои од 15 јули” во азиската страна.

Тркачите мостот ќе го поминат нудејќи спектакуларен изглед на Босфорот и ќе посетат бројни историски места, вклучувајќи и џамиите „Султан Ахмед” и „Ајасофија”.

Image may contain: text and outdoor

Атлетичарите трчаат на дистанца од 42 километри на посебна писта.

Image may contain: indoor

Спроведувањето на безбедносната зона се спроведува за прв пат како дел од мерките против корона.

Тркачите и вработените во оваа зона влегуваат со код од „Hayat Eve Sigar“, мобилна апликација создадена за минимализирање на ризикот на Ковид-19.

Покрај овој настан, организирана е и виртуелна трка од 5, 10 и 15 километри под мотото „Трчај само со нас“.

Учесниците може да се регистрираат на интернет и да ја истрчат оваа дистанца во било кое место. Но, постои ограничување на квотите поради мерките на коронавирусот.

Истанбулскиот Маратон се организира од страна на метрополитската општина Истанбул и „Spor Istanbul“, а спонзори се Институтот за плаќање „N Kolay“, филијала на „Aktif Invest Bank“.

Anadolu