Ердоган: „Им ја честитам на нашите азербејџански браќа победата во Шуша“

by Administrator

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, денеска во градот Коџаели говореше на 7. Вонреден конгрес на градскиот огранок на својата владејачка Партија за правда и развој (АК Партијата).

Претседателот Ердоган во врска со ослободувањето на градот Шуша, срцето на Нагорно Карабах, по изминати 28 години од ерменска окупација, го рече следното: „Им ја честитам на нашите азербејџански браќа победата во Шуша. Радоста на нашите азербејџански браќа е и наша радост. Ослбодувањето на Шуша е показател и за тоа дека е блиску стекнувањето со својата слобода и на останатиот дел од окупираните територии.“

Ердоган рече: „Нашите браќа кои 30 години како речиси се изоставуваат,  залажуваат од страна на тројката од Минск (Русија, Соединетите Американски Држави и Франција)  и 30 години како на масата чекаат со незнајна судбина, на крајот на целото ова трпение, велејќи ‘мен сабера зафера’ (оној кој покажува трпение пристигнува до победа), трпеа и пристигнаа до победа.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својот говор го подвлече и следното: „Радоста на нашите азербејџански браќа кои чекор по чекор ги ослободуваат своите градови и Карабах од окупација, е и наша радост.“

TRT

You may also like