/ Видео / Дали е ова најлошата ВАР одлука во Англија?

by Administrator

Лидс Јунајтед на Езџан Алиоски беа поразени на гостувањето кај Кристал Палас со убедливи 4-1, во дуелот од осмото коло на Премиер лигата.

Сепак, еден момент на овој натпревар предизвика големи полемики, бидејќи во 17. минута при резултат 1-0, му беше поништен чист погодок на Патрик Бамфорд. Напаѓачот на Лидс со раката покажа каде сака да добие проигрување, го доби и даде гол, ама токму поради далеку испружената рака беше досуден офсајд.

Веднаш стигнаа реакции од голем број стручњаци во светот на фудбалот, бидејќи испружената рака на Бамфорд не беше во офсајд, туку се сметаа милиметрите од неа под рамото, со што технички тој можеше да постигне гол.

 

You may also like