Искусниот дефанзивец, Жерар Пике, е првиот фудбалер на каталонскиот гигант Барселона, кој јавно призна дека неговиот тим продолжува со бледите игри во актуелната сезона. И под водство на новиот тренер, Роналд Куман, вицешампионот на Шпанија веќе со месеци игра под очекуваното ниво, а пред неколку дена, Барса едвај со минимални 2:1 ја доби пресметката во Лигата на шампиони против украинскиот преставник, Динамо од Киев.
„Мора да кажеме дека играме чудно, под некаков притисок. Во секој случај најважни се трите бода, но мора да размислиме како понатаму. Овој тим секоја година игра сè полошо и полошо. Клубот е таков каков што е, во преоден период. Мора да направиме пресврт и во нашето однесување. Клуб како Барселона не може да биде без транзициски период, не е ова лесна година за нас но мора тука и ние фудбалерите да помогнеме со нашиот однос и на терен, и надвор од него, изјави поранешниот репрезентативец на Шпанија,“ рече Пике
Bein sport









