Чезаре Прандели ќе биде нов тренер на Фиорентина и ќе седне на клупата на „виолетовите“ на местото на Џузепе Јакини.

Информацијата денеска ја лиферуваа италијанските медиуми, наведувајќи дека одлуката за смена на Јакини е веќе донесена и во прашање се часови кога ќе биде официјално соопштено дека Прандели е новиот клупски тренер.

„Виолетовите“ под водство на Јакини имаат лош старт во Серија А, само една победа на последните шест натпревари и со осум бодови се 12-ти на табелата.

Dribling