Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, осврнувајќи се на претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), истакна дека односите помеѓу Турција и САД се натпартиски и натполитички, јавува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу одржа прес-конференција во рамки на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).
Шефот на турската дипломатија се осврна на претседателските извори во САД, истакнувајќи дека поради некои настани кои се случиле порано, дошло до тензии и поделба кај општеството.
„Сигурно дека сме загрижени за тоа. Не сакаме ниту една земја да се подели вака или поделбите во општеството да бидат толку големи, но нормално дека е внатрешно прашање и нема да коментирам повеќе. Ја изразив мојата желба“, рече Чавушоглу.
Тој потсети дека останале многу мал број сојузни држави во кои гласовите треба да се пребројат.
„Се надеваме дека процесот на броење ќе се реализира на демократски и транспарентен начин. Страните имаат спротивставувања. Да видиме како ќе се реши. Ние, како и сите други, вклучувајќи ги и американските политичари, треба да ја почитуваме одлуката на американскиот народ. Турција, не само во нашето владеење, не само во владеењето на Партијата за правда и развој (АК Партија) и Реџеп Таип Ердоган, исто и во минатото соработувала со различни администрации. Соработувавме со деморкатите и републиканците, и гледаме дека нашите односи се натпартиски или натполитички“, додаде тој.
„Кој и да биде избран, Турција на новата администрација на САД ќе ѝ пристапи на ист начин како „на другите земји“, рече Чавушоглу, истакнувајќи дека кој и да биде избран од страна на американскиот народ, Турција ќе покаже мировен став кога се работи за развивање на односите.
Anadolu









