За прв пат се клањаше џума-намаз, молитвата на муслиманите во петок, е одржана во првата џамија во Атина, главниот грчки град, јавува Агенција Анадолија (АА).

По 14 години планирање и изградба, муслиманите во атинската џамија, која во понеделник беше отворена за молитвите, го клањаа првиот џума-намаз.

Во рамките на мерките поради новиот вид на коронавирус, бројот на присутните беше ограничен на 12, девет мажи и три жени.

Во хутбата која се чита на грчки, е истакната важноста на џамијата и нагласено е дека во времето на божјиот пратеник Мухамед, џамиите служеле не само за молитва туку како и судови и училишта.

Првиот имам на џамијата во Атина е 49 годишниот Мухамед Заки, со марокански корени.

Атина е единствен главен град во Европа кој до оваа година немаше џамија отворена за молитва. Иако не постојат никакви официјални бројки, се проценува дека во Грција има околу половина милион муслимани, поголемиот дел доселеници од Азија, од Блискиот исток и од Африка.

За изградбата на атинската џамија одлуката е донесена во 2006 година, но изградбата не можеше да започне повеќе од 10 години поради бирократски причини, правни препреки и реакции на крајната десница.

Од исти причини не е ни отворена веднаш по завршувањето. Официјалното отворање, кое требаше да биде организирано во 2017 година, е одложувано неколку пати.

Изградена е во квартот Вотаникос и официјално е првата џамија во Грција по 19 век. Богослужбата која нема минаре, ќе може да прими околу 350 верници. Планирано е во склоп на џамијата да има и парк за децата и шадрван. Буџетот за оваа џамија изнесува 887.000 евра.

Anadolu