Азербејџанската армија ги уништи позициите каде што се наместени минофрлачите на ерменската армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена од Министерството за одбрана на Азербејџан, се наведува дека погодени се позициите на минофрлачи на ерменската армија поставени во окупираното село Ѓојарк во провинцијата Тертер.
Најавувајќи дека уништени се сите планирани цели, Министерството ги сподели и снимките од операцијата.
Anadolu










