Во Нигерија, западноафриканска земја 9,8 милиони луѓе може да бидат изложени на опасност од глад поради несигурност на храната, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), се наведува дека повеќе од 9,8 милиони луѓе во 16 држави, покрај главниот град Абуџа можат да се изложени во опасност од глад поради несигурноста на храната во земјата.

Се забележува дека државите Борно, Јобе, Адамава, Тараба, Катсина, Гомбе, Бенуе и Жигава, се изложени на опасност од глад поради нападите од терористичката организација Боко Харам и вооружени лица кои се интензивни.

Исто така се наведува дека во главниот град Абуџа и државите Сокото, Кадуна, Кано, Баучи, Кеби, Нигер и Платеу ризикот од глад е помал.

Фред Каферо, претставник на ФАО во Нигерија, во изјавата за ова прашање ја повика владата да интервенира што е можно побргу.

Anadolu