Лошите временски услови и доаѓањето на постудено време им го отежнува животот на Палестинците во шаторските населби во Газа.
Веќе лошите услови за живот ги влоши невреме и силен дожд, што исто така доведе до поплави во некои делови на Газа. Палестинските семејства кои живеат во импровизирани куќи и шатори во областа Ез-Зејтун во Газа, тешко го издржуваат почетокот на зимската сезона.
Децата се обидуваат да се заштитат од дождот со најлонски кеси. Калта е насекаде околу нив додека преминуваат боси од еден во друг шатор. Обилните дождови предизвикаа поплавување во пошироката област Дејр Ел Балах во појасот Газа, што дополнително ја оптоварува веќе слабата инфраструктура. Улиците се поплавени, а граѓаните работат на чистење на поплавените згради.
Извор: Анадолија










