Според анкетата на Советот за американско-исламски односи (ЦАИР), огромното мнозинство американски муслимани, дури 69 проценти, гласале за демократскиот кандидат Џо Бајден во вторникот.

Оваа најголема организација за заштита на муслиманските права во САД, објави дека оваа година имало голем од одзив на муслиманите дури од 84 проценти.

Само 17 проценти од регистрираните 844 гласачи кои учествуваа во анкетата изјавија дека својот глас му го дадоа на актуелниот американски претседател Доналд Трамп. Сепак, во споредба со изборите во 2016 година, Трамп годинава доби четири проценти повеќе гласови од муслиманската заедница во Америка.

„ЦАИР сака да им се заблагодари на муслиманските гласачи кои повеќе од милион и гласаа во овој изборен циклус односно излегоа во рекорден број. Кандидатите и медиумите на национално ниво ја препознаа значајната способност на муслиманската заедница да влијае на резултатите од бројните трки низ оваа земја, вклучително и претседателските избори “, изјавил Нихад Ахвад, извршен директор на ЦАИР.

Милиони Американци излегоа на гласачките места во вторникот за да го изберат 46-от претседател на САД и претставници во Конгресот и Сенатот. Тие избираат помеѓу демократскиот кандидат eо Бајден и републиканецот Доналд Трамп. Гласачките места се затворени, гласовите се додаваат и постепено се објавуваат резултатите од сојузните држави.