Демократскиот кандидат Џо Бајден победи во Мичиген и освои 16 изборни гласови, со што тој вкупно има 264 електорски гласови, пренесува АП.
За да победи на претседателските избори, потребни му се уште шест електроски гласови за да ги достигне потребните 270.
Победата на Бајден во Мичиген е голем удар за републиканскиот кандидат Трамп, кој победи во таа држава, како и во Висконсин и Пенсилванија во 2016 година.
Бајден го доби и Висконсин, а резултатите во Пенсилванија сè уште не се познати.
Трамп сè уште има 214 изборни гласови.
Невада, која носи шест изборни гласови, сè уште не ги објави резултатите.
TV21









