БАКУ (АА) – Азербејџанската Армија им нанесе загуби на ерменските сили кои отвориле оган кон азербејџанските војници и населбите во различни делови на линијата на фронтот во текот на ноќта, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека судирите продолжиле главно во областите Агдере и Хоџавенд на линијата на фронтот.
Исто така се истакнува дека ерменските сили во некои области од линијата на фронтот морале да се повлечат бидејќи имале загуби на воен персонал и воена опрема.
Се додава дека линијата на фронтот е под контрола на азербејџанската Армија.
Министерството информира дека ерменската Армија го прекршила примирјето и дека од територијата на Ерменија е отворен оган врз областите Товуз, Гедебеј и Дашкесен во Азербејџан.
Anadolu








