„За жал, Бугарија речиси сигурно во декември нема да го поддржи почетокот на преговорите на Република Македонија за нејзиниот пристап во Европската Унија“, изјавил за новинската агенција БГНЕС, претседателот на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент и пратеник на ГЕРБ, Пламен Манушев.
Тој вели дека разбрал дека Холандија ќе ја блокира Албанија, бидејќи има проблеми со конституирањето на Уставниот суд.
„Судиите не се проверени дали го исполнуваат условот да станат такви. Постојат неколку сериозни процедури. Ми се чини дека ова ќе го забави целиот процес “, рекол тој.
„Ситуацијата стана доста комплицирана, но Бугарија категорично изјави дека има црвени линии од кои не можеме да отстапиме. Затоа, и Меморандумот беше упатен до сите земји-членки и до европските институции. Добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија мора да бидат присутни хоризонтално во текот на целиот процес на преговори, во сите поглавја што се отвораат. Ако е прекршено едно од поглавјата, преговорите за пристапување на Македонија треба да се одложат“, коментира Манушев.
Тој исто така нагласил дека покрај главните историски прашања, нивната земја ќе инсистира името на нашата земја да се користи во целост – Република Северна Македонија, не само Македонија, за да не се покажуваат никакви претензии кон северниот дел на Македонија.
„Едноставно, тогаш го забележавме. Конечно сакаме да се препознае реалноста дека нацијата и јазикот во Македонија потекнуваат врз основа на бугарските корени што ги имале во минатото и во историјата, а тие сега категорично одбиваат да се случи ова“, рекол Манушев.
„За жал, позицијата на Македонија се зацврстува, тие не сакаат да попуштат на ниту една од нашите позиции“, додал претседателот на Комисијата за надворешна политика, според кого нашата земја воопшто не го спроведува потпишаниот договор за соседство.
„Не знам каков компромис ќе се најде и дали воопшто ќе се најде, но нашите браќа од Р.С. Македонија мора да отстапат за да се реши проблемот еднаш засекогаш и да продолжиме заедно. Нема Бугарин кој не сака да биде заедно со нив и да нема граници меѓу нас кога на крајот ќе влезат во ЕУ. Да се прават автопати, железници, да се живее мирно. Ние немаме што да делиме со нив, напротив – тие се нашите најблиски луѓе “, додал Манушев.
Lokalno










