Откако претседателот на Америка, Доналд Трамп, прогласи победа, најави и правна битка во Врховниот суд, а Бајден рече дека е на пат кон победа, сценариото што беше кошмар досега е сè поблиску до реалноста, пишува дописникот на Би-Би-Си од Ентони Цурчер

Трамп, во обраќањето до нацијата од Белата куќа, изнесе голем број обвинувања за изборни измами, додавајќи дека ќе „оди во Врховниот суд“.

Аналитичар на Би-Би-Си вели дека ваквиот развој на настаните се случува како „рецепт за горчина и долга правна битка“, што на крајот ќе ги натера гласачите на кандидатот што ќе ја изгуби таа битка да се чувствуваат измамени и лути.

Иако конечните резултати од изборите сè уште не се познати, она што е јасно по изборите е дека Америка останува длабоко поделена нација, посочува дописникот на Би-Би-Си.

Американските гласачи не го отфрлија јасно Трамп на кој било значаен начин, но тие не му дадоа силна поддршка на која се надеваше, додаде Цурчер.

Наместо тоа, се копаат ровови, а политичката војна ќе продолжи без оглед кој ќе победи на изборите.


„Dubai-Portal“

„Index“