„Курир“ (Kurier), еден од важните весници во земјата, во својот напис под наслов „Тројцата херои на терористичкиот напад во Виена“, напиша дека и покрај „дождот од куршуми“, двајца Турци не се двоумеле да им помогнат на луѓето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најпродаваниот австриски весник „Крон“ (Krone) во веста насловена „Овие луѓе веќе се сметаат за херои“, користејќи ги фотографиите на Реџеп Таип Ѓултекин и Микали Озен, истакна дека благодарение на овие двајца луѓе спасен е животот на повредениот полицаец и на една жена.
Весникот наведе дека двајцата Турци, спасувајќи две лица кои се нашле сред терористичкиот напад, спречиле да има повеќе загубени животи.
– „Херои на нападот во Виена“
„Плус24“ (Plus24), една од приватните телевизии во земјата, споделувајќи ги снимките на коишто се наоѓа изјавата на Озен, на социјалните медиуми напиша: „Хероите на нападот во Виена“.
Снимките беа прегледани од илјадници луѓе, а под веста имаше позитивни коментари.
Храбриот потег на Ѓултекин и Озен беше широко покриен и од страна на германскиот телевизиски канал „ЗДФ“ (ZDF).
Од друга страна, британскиот јавен радиодифузер „Би-би-си“ (BBC), напиша дека три лица кои итно помогнале во нападот во Виена, заслужија пофалби.
Четири лица загинаа вчера во терористичкиот напад во Виена, главниот град на Австрија. Сторителот на терористичкиот напад е неутрализиран од безбедносните сили.










