ИЗМИР (AA) – Нусрет Аксој, од екипата за пребарување и спасување, кој по 91 час по земјотресот стигна до девојчето Ајда Гезгин и го спаси од под урнатините на апартманите „Риза-бег“ во Измир, раскажа за моментот на спасување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Аксој, кој работи во тимот за пребарување и спасување „Кадикој“, рече дека најпрвин го слушнал гласот на девојчето.
„На моите колеги им реков ‘стоп‘. Ги запреа генераторите и работните машини. Завладеа голема тишина. Еден од моите колеги ја праша ‘Како се викаш?‘. ‘Јас сум Ајда‘, рече таа. ‘Дали си добра?‘, ја праша колегата. ‘Добра сум‘, одговори таа. Потоа работните тимови се симнаа долу. Јас ѝ ја видов само раката. ‘Ако си добра, мавтај со раката‘, рече мојот колега. Ајда мавташе со раката и рече дека е добра“, раскажа Аксој.
„Во станот ја видов машината за миење садови, таа беше таму. Ми мавташе со рацете. Го слушнав нејзиниот глас. Тоа им го кажав на моите колеги“, додаде Нусрет Аксој.
Тој истакна дека нема информации за здравствената состојба на Ајда Гезгин.
Anadolu









