АНКАРА (АА) – Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди Егејскиот регион на Турција се искачи на 107, соопшти Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од АФАД е соопштено дека вкупно 144 лица се наоѓаат на лекување, додека 883 лица се отпуштени од болница.
Се наведува дека по земјотресот со јачина од 6,6 степени, кој во петокот го погоди Измир, регистрирани се 1.528 потреси на тлото, од кои 44 со јачина над четири степени.
Турција е меѓу најактивните сеизмички зони во светот бидејќи се наоѓа на неколку активни раседни линии.








