Во Виена е во тек голема полициска акција по пукотница кај синагога, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Пукотница во централниот дел на градот. Има ранети лица. Оддалечете се од сите јавни места или јавен транспорт – не споделувајте видео снимки ниту фотографии“, наведоа од полицијата на Виена.

Локалните медиуми наведуваат дека пукотницата е забележана во близина на синагога.

Австрискиот дневен весник „Kronen Zeitung“ (Кронен Цајтунг) наведува дека во пукотницата е повреден најмалку еден полицаец.

Anadolu