Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, соопшти дека бил во контакт со лице кое било позитивно на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и дека ќе биде во карантин (самоизолација).

Гебрејасус рече дека се чувствува добро и нема никакви симптоми на болеста.

„Ме идентификуваа како контакт на некој кој има позитивен тест на Ковид-19. Се чувствувам добро и немам никакви симптоми, меѓутоа во наредните денови ќе бидам во карантин (самоизолација) и ќе работам од дома, во согласност со протоколите на Светската здравствена организација (СЗО).“ – објави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

TRT