Саудиска Арабија им дозволи на верниците од странство да дојдат да извршат умра, по седуммесечна пауза поради таканаречената пандемија на коронавирус.

Овој потег е дел од одлуката на Саудиска Арабија да ги ублажи ограничувањата наметнати за спречување на ширењето на вирусот. Како дел од новите мерки, 20.000 верници ќе можат да го изведуваат ритуалот дневно во Големата џамија, каде се наоѓа Ка’ба, објави државниот медиум Ал-Ехбарија.

На 4 октомври, саудиските власти им дозволија на Саудијците и странците во Кралството да извршуваат молитви во Големата џамија со капацитет од 30 проценти, или околу 6.000 луѓе на ден.

На 18 октомври, Кралството дозволи 15 000 верници на ден да извршуваат умра и молитви во Ал-Месџид ал-Набава, или orамијата на Пророкот, во Медина. За време на пандемијата оваа година, хаџот беше ограничен на луѓето што живеат во Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија досега потврди 347.282 случаи на инфекција со коронавирус, вклучително и 5.402 смртни случаи откако во март беше потврден првиот случај на инфекција во кралството.

(Глобален CIR / агенции)