Вчера во авганистанскиот главен град Кабул се одржаа масовни протести против изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за исламот и муслиманите, како и против објавените карикатури на пророкот Мухамед. Демонстрантите ја повикаа авганистанската влада да ги прекине дипломатските односи со Франција.

Во друг дел од градот, приврзаниците на авганистанската исламска партија (Хезб-и-ислами) предводена од Хулбедин Хекматиар го запалија француското знаме. Тој, исто така, лично присуствуваше на актот и побара од владата во Кабул да ги прекине дипломатските односи со Париз и да ја „затвори француската амбасада во Кабул и да го врати амбасадорот во Франција“.

До вечер, протестите се проширија во голем број градови во земјата.