Возачот на автомобилот рано во саботата удрил во една од надворешните врати на Големата џамија во Мека, пренесува новинската агенција СПА.

Видеата на социјалните мрежи покажуваат сив автомобил кој пробива низ барикадите поставени околу надворешниот двор на џамијата пред да удри во една портите, пренесува Анадолија.

Безбедносните власти започнаа истрага за инцидентот. Возачот е уапсен и е испрашуван, но тие не дадоа повеќе детали.

Нема информации за повредени лица.