Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, упати благодарност до сите пријателски земји, меѓу кои и Македонија, кои упатија сочувство поради земјотресот во Измир и кои истакнаа дека се подготвени за помош, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган го истакна ова преку објава на Твитер, во која упати благодарност до земјите што упатиле порака за солидарност по земјотресот со јачина од 6,6 степени, што се случи вчера на отворени води во Егејското Море, кај местото Сеферхисар во Измир.

„Упатувам благодарност до сите пријателски земји кои упатија сочувство поради земјотресот во Измир и истакнаа дека се подготвени за помош“, рече Ердоган.

„Ние како Република Турција со сите наши институции се наоѓаме покрај нашите граѓани на терен и ситуацијата ја имаме под целосна контрола“, додаде турскиот претседател.

Заедно со неговото соопштение, Ердоган сподели и фотографија со знамињата на земјите до кои упати благодарност, на која беа и земјите од регионот, како Северна Македонија, Косово и Албанија.

Anadolu