Земјотрес со јачина од 5 степени се случи на отворени води кај местото Сеферхисар во турската област Измир, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Управата за вонредни состојби (АФАД) при Министерството за внатрешни работи на Турција ја потврди оваа информација преку соопштение објавено на нејзината интернет-страница.

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 8:31 часот по локално време.
Епицентарот на овој земјотрес бил на отворени води во Егејското Море, на далечина од 17,25 километри од местото Сеферхисар во Измир.

Според соопштеното, земјотресот со јачина од 5 степени се случил на длабочина од 7,33 километри.
Инаку, вчера Измир и околните места во Турција беа погодени од земјотрес со јачина од 6,6 степени, во кој загинаа најмалку 25, а повредени се над 800 лица.
Anadolu









